Куп на Кралот: Билбао по Барса го доби Реал Мадрид, Рајо и Столе против Мајорка

Финалето во Купот на Кралот е на уште два чекори, а за истото останаа да се борат осум екипи. Денес во просториите на Фудбалската федерација на Шпанија беше извршена ждрепката за четвртфиналната фаза од најмасовното клупско натпреварување во Шпанија.

Ждрепката донесе нов супер-дѕел на „Сан Мамеш“, затоа што Атлетик Билбао по победата над Барселона во претходното коло, сега ќе го пречека Реал Мадрид. Реал Сосиедад за противник го доби Бетис, Валенсија ќе се судри со Кадиз, додека Рајо Ваљекано на нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски на свој терен полуфинале ќе брка против Мајорка.

Четвртфиналната фаза во Купот на Кралот ќе се одржи од први до трети февруари, а ќе се игра еден натпревар. Шпанија ќе добие нов победник на Купот на Кралот, бидекќи минатата сезона овој трофеј го освои Барселона.