Куп мечевите на Шкупи и Шкендија презакажани за една седмица подоцна

Поради ужасната трагедија во Тетово во која животот го загубија 14 лица, екипата на Шкендија побара одложување на дербито од шестото коло од ПМФЛ против Шкупи. „Чаирчани“ без многу размислување му излезе во пресрет на шампионот, и нивниот меѓусебен натпревар доби нов термин, односно наместо утре, ќе се одигра во вторник.

Поради новиот термин, промени ќе претрпат и два натпревари од првото коло од Купот на Македонија. Така, натпреварот од 1/16-финалето во Купот на Македонија меѓу Кит-Го и Шкендија кој првично беше закажан за 15 септември, ќе се одигра седум дена подоцна.

На 22 септември ќе се одигра и натпреварот меѓу Велешта и Шкупи, додека останатите парови од првото коло во Купот ќе се одиграат на предвидениот термин (15 септември).