• Саше Љолес
Денес во просториите на „Куќата на фудбалот“ во Скопје беа извлечени четвртфиналните парови за најмасовното натпреварување во нашата земја, Купот на Македонија.
Вкупно осум екипи ќе се борат за вториот најважен трофеј, а ждрепката посака да ги формира следниве парови, во кои најтешка мисија се чини дека ќе имаат второлигашите.
Четвртфинале:
Струга Трим Љум - Гостивар
Детонит Плачковица - Шкендија
Брера Струмица - Арсими
Вардар - Силекс
Актуелен освојувач на Купот е екипата на Тиквеш од Кавадарци. Натпреварите се на програмата на 26 февруари во терминот од 14:00 часот. Ако нема победник во деведесет минути, веднаш се пристапува кон казнени удари.