• Иван Димовски

Во среда стартуваат и возбудувањата во Купот на Македонија. Со натпреварите од фазата на 32 екипи, ќе се одиграат 12 натпревари.
Фудбалската федерација на Македонија ги делегира арбитрите за овие средби. Ивана Пројковска ќе застане на центарот во Куманово, на мечот меѓу Башкими и Скопје, Ралевски е делегиран за дуелот на Кожуф и Брера, Ѓоргиев ќе им суди на Беса и Вардар, Јовановски на Пелистер кај Влазерими...
- Прво коло на Купот на Македонија:
Јанг Тим - Победа (Дарко Стојанов, Штип)
Новаци - Брегалница (Пларент Салихи, Тетово)
Башкими1947 - Скопје (Ивана Пројковска, Скопје)
Арсими - Тиквеш (Димитар Левески, Охрид)
Кожуф - Брера (Благојче Ралевски, Битола)
Карбинци - Воска Спорт (Ангел Гелов, Кавадарци)
Охрид - Детонит Плачковица (Дарко Котевски, Битола)
Беласица - Гостивар (Влатко Илиоски, Прилеп)
Коњаре - Шкупи (Слободан Боцевски, Скопје)
Беса 1976 - Вардар (Крумислав Ѓоргиев, Штип)
Тетекс - Работнички (Ангелчо Ристов, Неготино)
Влазерими - Пелистер (Јордан Јовановски, Гевгелија)
Во првата рунда на Купот, слободни се освојувачот Македонија Ѓорче Петров, финалистот Струга Трим Љум и полуфиналистите Шкендија и Силекс.
Сите натпревари од шеснаестина финалето се играат в среда од 15:00 часот.