• Зоран Мишевски

Пласманот најмалку во полуфиналето на Европското првенство е знак за успешен турнир, а со тоа и за нов договор. Селекторот на холандската репрезентација, Роналд Куман, се наоѓа пред продолжување на договорот со Холандската фудбалска федерација.
„Веројатно ќе продолжам да бидам селектор. Мислам дека не можат повеќе да се ослободат од мене“, рече Куман, напоменувајќи дека планира да ја води Холандија и на Светското првенство во 2026 година.
Минатата недела по разочарувачкиот пораз од Австрија, Куман отвори простор за заминување од кормилото по ова Европско првенство. Сепак, победите го предомислија.
На Куман му одговара селекторската работа и поради здравствената состојба на неговата сопруга Бартина, на која ѝ е дијагностициран рак на дојка.