Куман потврди - Барселона без еден од најдобрите на „Ел Класико“

Едно од најголемите дерби средби на светот, меѓу Барселона и Реал Мадрид е на програмата следниот викенд, а двата тима ќе имаат делумни проблеми во играчкиот кадар. 

Каталонците се надеваа дека голманот Марк Андре Тер Штеген ќе се врати од повредата и ќе се опорави за „Ел Класико“, предводникот на Барса, Роналд Куман најави дека тоа нема да се случи. 

„Не верувам дека ќе биде спремен до наредната седмица. Засега немаме датум до кој би требало да се врати, тоа што ни преостанува е да го следиме неговиот напредок и неговото опоравување“, изјави Куман. 

Првото големо шпанско дерби може да го одреди понатамошниот тек на сезоната, бидејќи Реал Мадрид ако победи може да дојде на висока предност пред големиот ривал. Сепак, реновираниот тим на Барселона одигра неколку убедливи партии и ќе биде интересно да се види како Куман ќе му се спротивстави на Зидан.