Куман: Погледнете го списокот на играчи, не е ова Барса од пред осум години

Тренерското столче на Роналд Куман се тресе во Барселона, по серијата лоши резултати. Холанѓанецот ја водеше екипата во ремито со Гранада (1-1), натпревар пред кој клубот имаше кадровски проблеми. 

Според Куман, оваа кипа со која располага Барселона е далеку под нивото кое го очекуваат фановите, од пред седум, осум години. 

„Погледнете го мојот список на играчи. Тоа е единствено што можевме да го направиме. Немаме играчи од времето кога се играше „тики-така“, мораме да направиме сопствен стил. Мислам дека одигравме добро, а да имаше уште малку време ќе ја победевме Гранада. Основниот систем беше 4-3-3, а подоцна правев измени во склад на тоа што имав на клупата. Не е ова Барселона од пред осум години“, изјави Куман. 

Сепак, вчера на дуелот со Гранада на теренот излезе тим чиј просек на години беше 20. Тоа најдобро зборува за проблемите, но фановите се бесни и не прифаќаат ништо друго освен константни победи.