Куман: Останавме без Меси, но со нетрпение ја очекуваме новата сезона

Фудбалерите на Барселона пред самиот старт на новата сезона останаа без најдобриот играч, а тренерот Роналд Куман, изјави дека тимот, и покрај заминувањето на Лео Меси, ќе има што да им понуди на фановите.

Барселона синоќа одигра моќно финале против Јувентус и со победата од 3-0 го освои „Трофејот Гампер“.

„Факт е дека Меси замина, но ние сè уште со нетрпение ја очекуваме следната сезона - возбудени сме за нејзиниот почеток. Со тимот што го имаме, засилувањата што ги донесовме и младите играчи кои напредуваат од ден во ден, овој голем клуб секогаш има иднина“, рече холандскиот тренер.

Барселона претходната сезона ја заврши на третото место зад големите ривали од Мадрид - Атлетико и Реал.