• Зоран Мишевски
Холандскиот фудбалер Френки де Јонг поради повреда на скочниот зглоб нема да настапи за националниот тим на „лалињата“ на Европското првенство кое започнува во петок, соопшти вечерва Фудбалскиот сојуз на Холандија.
Де Јонг не може да заздрави од повредата на скочниот зглоб што ја заработи во април на натпреварот на Барселона против Реал.
Веста беше објавена откако Холандија победи со 4-0 против Исланд во Ротердам, во последната проверка на „портокаловите“ пред почетокот на Европското првенство.
Холандија е во групата Д на Европското првенство, каде ривали ќе ѝ бидат Франција, Австрија и Полска.