ВИДЕО: Кулушевски со два магични потези го фрли во сенка Роналдо во Рим

Дејан Кулушевски, младиот репрезентативец на Шведска, одлично ја отвори новата сезона во Серија А и вечерва повторно блеска во дресот на Јувентус. 

Напаѓачот со македонски корени во првото коло даде еврогол против Сампдорија, додека на денешниот дуел на гости кај Рома уште еднаш ги покажа своите квалитети и со серија на дриблинзи го фрли во сенка првиот ас на „старата дама“, Кристијано Роналдо.

  • Атрактивните потези на Кулушевски против Рома:

Сепак, големиот Роналдо соодветно „возврати“ и во 43. минута израмни на 1-1, но Рома на полуврмее замина со позитива од 2-1, откако Верету двапати го совлада Шчесни.