Кулушевски се сомневал во тактиката на Конте и затоа не потпишал за Интер

Младиот шведски напаѓач со македонски корени, Дејан Кулушевски одигра фантастична сезона во дресот на Парма и веднаш го привлече вниманието на италијанските гиганти. 

За неговите услуги најголем интерес пројавиле Интер и Јувентус, кои не штедеа средства да го доведат во своите редови, а на крај како победник излезе актуелниот шампион. Јуве уште во јануари го договори потписот на 20-годишниот голгетер, но остави да ја доигра сезоната во Парма. 

Кулушевски во интервју за „Газета дело Спорт“ потврди дека на маса имал неколку понуди и откри зошто го одбил Интер и се пресели во Торино

„Со Конте на чело, сите движења се различни, како и тактичката поставеност. Искрено имав многу сомнежи. Видете, еден Ериксен не може да се снајде во Интер. Од друга страна, пак, играта на Сари ми се допаѓа а меѓусебниот разговор ми влеа голема самодоверба“, вели Кулушевски. 

Потписот на Кулушевски го чинеше Јувентус 46 милиони евра, од кои 35 како последица на трансферот, а останатите девет ќе бидат исплатени во вид на бонуси.