„Кулушевски ќе има притисок во Јувентус, но има голем потенцијал...“

Шведскиот интернационалец со македонски корени Дејан Кулушевски ќе добие шанса да игра во Јувентус. Талентираниот напаѓач ќе заигра покрај Кристијано Роналдо во нападот на најдобриот италијански тим на денешницата.

Потенцијалот кој го поседува не е ставен под знак прашалник од страна на поранешниот дефанзивец на Парма, Луиџи Аполони.

„Кулушевски има одлични атрибути и во Јувентус ќе се појави со истиот став како во Парма. Тој може само да напредува. Притисокот ќе биде голем, но тој го има потенцијалот да се наметне кај Маурицио Сари“, смета Аполони.

Кулушевски има само 20 години и игра во одлична форма, која му донесе повик од шведскиот селектор за настап во репрезентацијата.