ВИДЕО: Кулушевски е „ѕвер“, даде гол и двапати асистираше со Џенова

Дејан Кулушевски, фудбалерот кој има потекло од Македонија, но засега не игра за нашиот национален тим, блескаше во дресот на Парма против Џенова и постигна гол и двапати асистираше во убедливиот триумф (5-1).

  • Извештај од натпреварот: 

„Млекарите“ го почестија тимот на Горан Пандев со пет гола, а Кулушевски имаше свое шоу и уште еднаш ги впери кон себе погледите на фудбалска Европа. Младиот талент кој засега игра само за У21-селекцијата на Шведска, асистираше за првиот и третиот гол на Парма, а стави печат на победата со погодок во 79. минута.

Младиот талент кој има 19 години имаше средба и со Горан Пандев пред стартот на натпреварот, па двајцата се поздравија и си разменија неколку зборови. Пандев се најде во стартниот тим, а имаше една добра шанса за погодок во средината на првиот дел.

Парма е на осмото место во Серија А, додека Џенова е во криза и веќе седум кола нема победа, поради што е на деветнаесеттото место во калчото. Што се однесува до Кулушевски, родителите му се по потекло од Македонија, но тој е роден во Стокхолм, Шведска.