• Саше Љолес
Екипата на Тотенхем се пласира во четвртфиналето на Карабао Купот откако славеше со 2-1 (2-1) во дербито против актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити.
Трите гола беа постигнати во првото полувреме, а избраниците на Анге Постекоглу го отворија резултатот во петтата минута преку Германецот Тимо Вернер. „Петлите“ беа во одличен налет и потоа успеаја да ја удвојат предноста, а стрелец овој пат беше Пепе Мата Сар во 25. минута. Двата гола беа креирани од охриѓанецот Кулушевски. До крајот на полувремето Сити се врати во игра со голот на Матеус Нуњес, но тоа беше сѐ што стори четата на Пеп Гвардиола.
Вторите 45 минути донесоа голем интензитет и шанси на двете страни, а Тотенхем во два наврата среќно се спасуваше и на крајот успеа да го затвори мечот со конечни 2-1. „Граѓаните“ имаа далеку поголем посед на топката и создадоа уште две убави шанси за израмнување, но сепак заминуваат од Лондон елиминирани во осминафиналната фаза од Карабао купот.