• Мартин Танасковски
Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар би можел повторно да заигра заедно со Лионел Меси и Луис Суарез, откако поранешниот репрезентативец на Бразил, Фелипе Мело, откри дека Интер Мајами сериозно работи на негов ангажман.
Во интервју за бразилски медиум, Мело, кој е близок пријател на Нејмар, изјавил дека во круговите околу напаѓачот веќе се разговара за можен трансфер во американскиот клуб на почетокот на 2027 година, по истекот на неговите обврски со Сантос.
Доколку трансферот се реализира, легендарното трио Меси - Суарез - Нејмар повторно ќе биде обединето. Тројцата оставија неизбришлива трага во дресот на Барселона во периодот од 2014 до 2017 година, со бројни трофеи и стотици голови за каталонскиот гигант.
Нејмар, кој има 34 години, се врати во Сантос во 2025 година по неуспешната етапа во Ал Хилал, каде што честите повреди му го нарушија континуитетот. Претходно настапуваше и за ПСЖ, а веќе подолго време се шпекулира дека би можел кариерата да ја продолжи во МЛС.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.



