Култниот Сантос експресно се враќа во бразилската елита!

Култниот бразилски клуб Сантос експресно се враќа во елитната Серија А. По само една сезона меѓу второлигашите овој славен клуб успеа да избори кам-бек во првата лига. 

Сантос на две кола пред крајот на првенството се наоѓа на врвот на табелата и математички не може да падне подолу од четвртото место. Во Серија Б на Бразил првите четири на табелата одат во елитниот ранг, па Сантос веќе си го обезбеди местото и е на добар пат да биде крунисан во второлигашки првак. 

Клубот во кој блескаше големата бразилска ѕвезда Пеле во својата историја има осум трофеи и со тоа е на второто место на „вечната листа“ зад Палмеирас кој има 12.