Култен стадион во Шпанија се распаѓа, клубот ќе игра надвор од својот дом

Рајо Ваљекано ќе мора да го напушти „Ваљекас“ за првиот домашен натпревар во новата сезона. Она што се најавуваше, сега доби и потврда. Стадионот „Мунисипал Ел Плантио“ не ги исполнува безбедносните услови за одигрување натпревари.

Тимот од предградието на Мадрид на 20 август требаше да го пречека Алавес, но дуелот ќе се игра на стадионот на Леганес. Клубот во изминатите денови бараше алтернативно решение, а како една од опциите се споменуваше и Бургос, кој е оддалечен околу 200 километри од Мадрид. 

Леганес во понеделникот потврди дека е постигнат договор со Рајо и градските власти во Мадрид клубот привремено да ги игра своите натпревари на нивниот стадион. Сепак, договорот е условен со исполнување на минимални гаранции за заштита на интересите на навивачите и самиот Леганес.

Рајо најверојатно подолго време ќе биде без својот стадион, бидејќи на „Ваљекас“ се потребни сериозни работни дејствија за да ги исполни здравствените и безбедносните стандарди. Проблемите со инфраструктурата не се новост за клубот кој со години важи за еден од шпанските прволигаши со најзастарени услови.