• Саше Љолес

Марк Кукуреља повторно го покажа својот препознатлив хумор, овојпат на прес-конференцијата пред натпреварот меѓу Шпанија и Чешка.
Една од темите за кои беше прашан шпанскиот репрезентативец беше и претстојниот избор за „Златната топка“. Кукуреља не сакаше да избере конкретен фаворит, но со својот одговор ги насмеа присутните новинари.
„Ако јас имам право на глас, би гласал за себе! Сите номинирани се мои соиграчи. Нека победи оној кој го заслужува тоа, а одлуката им ја оставам на оние кои гласаат. Во секој случај, ќе ми падне некаков подарок, бидејќи сме соиграчи во клубот или репрезентацијата“, низ смеа изјави Кукуреља.
Дефанзивецот на Реал Мадрид беше прашан и зошто ужива голема популарност меѓу навивачите ширум Европа и често се смета за еден од посимпатичните фудбалери.
„Не знам точно... Можеби поради мојот изглед и фризурата, тоа прво го привлекува вниманието. Среќен сум поради сè, како на спортски, така и на приватен план“, одговори Шпанецот.
Шпанија ја пречекува Чешка на домашен терен и ќе биде огромен фаворит на овој натпревар. „Фуријата“ досега оствари две победи во групата А3 од Лигата на нации.






