Кукуреља со потег кој одушеви поштар: Конечно Англичанец со медал од СП (ФОТО)

Марк Кукуреља уште еднаш покажа дека големината не се мери само со трофеите, туку и со човечноста.

Шпанскиот репрезентативец, кој летово го напушти Челзи и направи трансфер во Реал Мадрид, пред заминувањето од англискиот град Хоршам приреди незаборавен момент за локалниот поштар.

Кукуреља му дозволил да ја носи околу вратот својот златен медал од Светското првенство, а одушевениот поштар фотографијата ја сподели на социјалните мрежи.

„Имав чест да запознаам светски шампион. Марк Кукуреља е прекрасен и скромен човек. Ми дозволи да го држам неговиот медал. Мислам дека сум првиот Англичанец со светски медал по 60 години“, напиша тој, алудирајќи на фактот дека Англија последен пат ја освои светската титула во 1966 година.

Кукуреља наскоро ќе започне ново поглавје во кариерата, откако Реал Мадрид го доведе од Челзи во трансфер вреден 55 милиони евра.