• Саше Љолес
Дефанзивецот на шпанската репрезентација, Марк Кукуреља, изјави дека жали за пропуштената шанса во финалето од Лигата на нации и смета дека „фуријата“ заслужила да го освои трофејот.
Во манир на голем спортист, му го честиташе успехот на ривалот и рече дека Шпанија треба да биде горда на својот национален тим.
„Горди сме затоа што одигравме одлично. Имавме шанси пред да заминеме во пенал-рулетот, но не ги искористивме. Мислам дека заслуживме повеќе, заслуживме да победиме. Понекогаш фудбалот е таков, а сега мораме да ѝ честитаме на Португалија.
Шпанија може да биде горда на овие момчиња, националниот тим има огромен квалитет. Одигравме уште едно финале и силно се боревме за да стигнеме до тука“, заклучи Кукуреља.
Шпанците потклекнаа пред соседите од Португалија во финалето, а претходно со 5-4 ја елиминираа Франција.
ФОТО/PHOTO: UEFA