Кукуреља „асистира“ за црвен, а Модриќ прокоментира: Подобро да не откријам што му кажав (ВИДЕО)

Лука Модриќ одигра 206. натпревар за репрезентацијата на Хрватска и дојде на само еден настап до Лионел Меси на вечната листа. Капитенот на Хрватска играше до 66. минута во поразот од Шпанија со 2-1 во Сплит, кога беше заменет со Петар Сучиќ. 

По натпреварот, Модриќ го коментираше и исклучувањето на Иван Перишиќ, како и спорната ситуација со Марк Кукуреља. Шпанецот во финишот на средбата беше фаулиран и изнуди втор жолт картон за Перишиќ, а интересно беше дека на судијата му падна картонот и Кукуреља му го подаде назад.

По натпреварот, Модриќ го коментираше и исклучувањето на Иван Перишиќ, како и спорната ситуација со Марк Кукуреља. 

„Што да коментирам? Кукуреља се постави. Не знам ни што е со новиот ВАР. Да останевме изедначени на теренот, сигурно немаше да загубиме. Подобро е да не зборувам за тоа што му кажав на Кукуреља“, рече Модриќ.

Хрватите по тешкиот пораз од Англија (0-7) загубија минимално од Шпанците, прикажувајќи доста подобар перформанс.