• Мартин Танасковски

Екипата на Шкупи постигна гол на гостувањето кај Шамрок Роверс (2-1) во Даблин во третото квалификациско коло од Лигата на Европа, а беше вистински убавец и дело на Бразилецот Куевен.
Играчот од средниот ред распали од дваесет и пет метри и погоди во мрежата на противничкиот тим. Овој гол е можеби најубавиот од оние на македонските екипи во Европа оваа сезона.
- Голот на Куевен против Шамрок:
— DuffyDuck33 (@theunimportant5) August 4, 2022
За Куевен ова е втор гол во европската авантура на Шкупи, по оној против Динамо во Загреб.