Кубо заминува на позајмица во Мајорка на Трајковски

Кубо Мајорка

Шпанските медиуми ја одредија иднината на младиот јапонски талент Такефуса Кубо.

Најверојатно, фудбалерот на Реал Мадрид претстојната сезона ќе ја помине на позајмица во новиот прволигаш Мајорка. Од пред неколку недели, дел од овој клуб стана македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.

Ова е задоволителна опција за двете страни. Мадриѓани ќе му овозможат на Јапонецот да игра на конкурентни натпревари во Примера, а екипата од Балеарските острови ќе добие одлично засилување во офанзивната линија.

Кубо беше одличен на подготовките, но Зинедин Зидан смета дека тој не е подготвен за да го издржи темпото и конкуренцијата во првиот тим.

Пред да се пресели во Мадрид, 18-годишникот беше дел од Јокохама, како позајмен фудбалер од екипата на Токио.