Кубо сепак нема да добие шанса од Зидан, ќе замине на позајмица во Ваљадолид

Кубо

Јапонскиот талент Такефуса Кубо наредната сезона ќе ја помине на позајмица во Ваљадолид, пишуваат шпанските медиуми.

Младиот фудбалер нема да добие шанса од Зинедин Зидан и ќе замине во клуб каде ќе има повисока минутажа. Наводно, Реал Мадрид имал голем број на понуди за 18-годишникот, а големо влијание на одлуката имал претседателот на тимот, Роналдо.

Јапонскиот интернационалец дебитираше за вториот тим на „кралевите“ и остави одличен впечаток, а сега ќе има можност да се докажува во силна конкуренција во Примера.

Неговото место во првиот тим ќе го заземе уште еден млад фудбалер. Се работи за Бразилецот Родриго кој пристигна од Сантос.