• Иван Димовски

Реал Сосиедад се врати на победите во шпанскиот фудбал, минимално совладувајќи го Виљареал со 1-0 (0-0) во последниот натпревар од 19. коло.
По два натпревари на кои баскијскиот клуб одигра реми и загуби, сега пред домашната публика успеа да триумфира во дерби дуелот со „жолтата подморница“. По прво полувреме без премногу возбудувања, домашните поведоа на стартот на продолжението.
Ојарзабал исфрли топка, а во контра тргна Такефуса Кубо. Јапонскиот крилен напаѓач добро го претрча последниот дефанзивец, влета во шеснаесетникот и се ослободи од чуварот па стрела за 1-0 во 51. минута.
- Извештај од натпреварот:
Се обиде Виљареал да се врати во продолжението, но Алекс Ремиро двапати му застана на патот на Жерар Морено, а во финишот шанса не искористи и Папе Геј.
Реал Сосиедад забележа победа и три бода со кои дојде на 28 на седмата позиција. Виљареал е две места погоре со два бода повеќе по точно половина од првенствената трка.