Крзнар: Се распаднавме по вториот гол, жалам за елиминацијата

Динамо Загреб не успеа да го продолжи сонот и доживеа елиминација во четвртфиналето на Лигата на Европа, откако загуби два пати од Виљареал. 

Предводникот на „модрите“, каде што настапуваат Адеми и Ристовски, по вчерашниот пораз во Шпанија (2-0), зборуваше за медиумите. Дамир Крзнар призна дека жали за испуштените шанси, зборуваше за концептот и најави силен Динамо и следната сезона.

„Не успеавме во нашиот обид, тажни сме, но истовремено и горд сум на успехот. Се гордеам на играчите за борбата и желбата која ја покажаа. Сакавме да го „затвориме“ натпреварот на 0-0 до полувреме, а потоа со сите сили да нападнеме во вториот дел. Вториот гол го поремети балансот, го уништи моралот, но и покрај тоа одигравме добро второ полувреме. 

Горд сум на походот во Европа оваа сезона. Веруваме и се надеваме дека следната ќе пружиме исти партии во Лигата на шампионите. Од година во година напредуваме, верувам дека ќе го задржиме тимот на куп“, изјави Крзнар. 

Инаку, Динамо ја имаше најубавата приказна во Лигата на Европа, откако во осминафиналето се врати по пораз од 2-0 против англискиот гигант Тотенхем и во Загреб ги елиминира од натпреварувањето.