ВИДЕО: Крвнички старт на Павков врз Сане, Германецот среќен што не се здоби со скршеница

Се играше 93. минута од натпреварот меѓу Германија и Србија во Волфсбург кога се случи апсолутно непромислен потег, кој можеше целосно да го расипе впечатокот на добриот пријателски натпревар.

Србинот Павков крвнички стартуваше над Лирој Сане и доби директен црвен картон. Фудбалерот на Манчестер Сити веднаш беше заменет, а првите негови реакции беа дека не се работи за сериозна повреда.

Српскиот селектор Младен Крстајиќ веднаш пријде и му се извини на Лев за некоректниот потег.

  • Грубиот прекршок на Павков врз Сане: 

Пријателскиот натпревгар заври без победник (1-1), а головите ги постигнаа Јовиќ и Горецка.