ВИДЕО: Крвнички го шутна противникот, па се чудеше на црвениот картон

Нови Сад

Шокантни сцени доаѓаат од српската Суперлига, поточно од дуелот меѓу Пролетер и Мачва.

Во главна улога беше Александар Андрејевиќ кој крвнички удри по колумбискиот интернационалец Дилан Ортиз. Гостинскиот фудбалер сакаше да потроши некоја секунда, па доби жесток удар по нозете.

Тоа го натера судијата да донесе логична одлука и да го исклучи домашниот играч, кој за чудо не можеше да поверува дека заработи исклучување.

Сигурно дека Андрејевиќ ќе добие дополнителна казна поради ова неспортско однесување.