• Саше Љолес
Вкупно 22 хулигани беа уапсени за време и по завршувањето на натпреварот од Купот на Холандија меѓу Феенорд и Ајакс, кој гостите го добија со резултат 1-2.
Националната телевизија „НОС“ соопшти дека немилите сцени започнале откако дел од навивачите почнале да фрлаат факели и тврди предмети на теренот, а полицијата морала да интервенира за да спречи поголем хаос на теренот и на трибините. Не е познато дали сите уапсени се навивачи на Феенорд, но се шпекулира дека тврдите предмети најмногу доаѓале од нивната трибина.
The Feyenoord-Ajax game was temporarily suspended due to smoke! pic.twitter.com/aATtjEniMD
— EuroFoot (@eurofootcom) April 5, 2023
Дејви Класен од Ајакс заработи повреда на главата и беше раскрварен, а тоа предизвика неколкуминутен прекин на натпреварот. Потоа на теренот влезе помошникот-тренер на Феенорд, Џон Де Волф кој им се обрати на навивачите и им порача „да го користат мозокот повеќе“. Ги замоли да престанат со фрлањето предмети и факели за да може мечот да биде доигран до крајот.
Feyenoord's assistant manager, John de Wolf, stepped on to the pitch to remind the fans to use their brains after objects were being thrown at Ajax players
(via @ESPNnl) pic.twitter.com/WAjPX2jMSf
— ESPN FC (@ESPNFC) April 6, 2023
Хулиганите во Холандија одамна се познати по огромните инциденти што ги предизвикуваат во и надвор од стадионите. Законите во оваа земја се ригорозни, па се очекува дополнителна реакција на властите и уште еден обид да се спречат овие немили сцени на спортските натпревари.
За среќа на сите објективни фанови, мечот продолжи и заврши со голема победа на гостинот од Амстердам со 1-2. Класен и Тадиќ беа стрелци за Ајакс, додека Хименез го постигна единствениот гол за Феенорд. Ајакс ќе игра во финалето на холандскиот Куп против ПСВ Ајднховен, а натпреварот е закажан за 30 април.