• Саше Љолес

Фудбалската репрезентација на Хондурас ќе го одигра следниот официјален натпревар без присуство на публика поради инцидентот што се случи на мечот против Мексико, кога селекторот на гостите, Хавиер Агире, беше погоден во главата од тврдите предмети кои летаа кон теренот.
Хондурас добива забрана за присуство на публика, а воедно федерацијата ќе мора да плати казна во висина од 74.000 евра и ќе добие условна казна за дури шест натпревари без навивачи. Последната ставка ќе се реализира доколку навивачите повторно направат слични инциденти на следните три напревари во меѓународни рамки.
Мексиканците изненадувачки загубија со 2-0 на гостувањето во Лигата на нации и ќе имаат тешка мизија на возвратниот четвртфинален дуел кој ќе се одигра на 20 ноември во 03:30 часот по македонско време.