• Зоран Мишевски
Еден од најценетите бразилски тренери кратко беше без работа. Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите, по малку повеќе од една година отсуство, седнува на клупата на Крузеиро. Овој клуб сезоната ја заврши на третото место во бразилското првенство.
64-годишниот Тите беше без ангажман од септември 2024 година, кога Фламенго му врачи отказ. На клупата на Крузеиро, Тите доаѓа на местото на Португалецот Леонардо Жардим. Тите беше на чело на бразилската репрезентација од 2016 до 2022 година, а ја предводеше до титулата јужноамерикански шампион во 2019 година.
На Мундијалите во 2018 и 2022 година, Бразил не ги оправда очекувањата, откако двапати беше запрен во четвртфиналето.

