• Горан Упале
Екипата на Брера со гол во самиот финиш против Воска Спорт впиша важни три бода на своето конто (1-0).
Тренерот Бојан Круљ не го криеше задоволството од победата и им честита на своите избраници за борбеноста и карактерот што го покажаа на средбата со амбициозниот клуб од Охрид.
„Морам да им честитам на моите момци на карактерот, и за тоа што веруваа во себе. Во првото полувреме доминиравме, во второто противникот беше нешто подобар и имаше две посериозни шанси, но ние успевме да се издигнеме и да запишеме многу важни три бода за нас.
Честитки до момците и одиме понатаму“, рече српскиот стратег.
Струмичани со оваа победа се зацврстија на седмата позиција на табелата и сега имаат пет бода повеќе од Воска Спорт, која што е на местото кое што води во баражот.