• Горан Упале
Бојан Круљ, тренерот на Брера Струмица, изјави дека неговите избраници против Вардар го одиграа најдобриот натпревар откако тој е на кормилото на тимот.
На стадионот „Благој Истатов“ „пандевци“ со доминантна игра и сигурен триумф од 3-1 над Вардар ја започнаа новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
„Сакам да им честитам на момците за одлично одиграниот натпревар. Ова е сигурно нашиот најдобар натпревар откако сум јас тренер на тимот. Можам само да им честитам и да побарам да продолжиме во овој ритам.
Сакам да им посакам среќа на фудбалерите на Вардар во сезоната, а ние веќе започнуваме да се подготвуваме за следниот натпревар“, рече Круљ.
Во следното коло Брера Струмица гостува кај Силекс, додека Вардар ќе ги бара првите бодови дома во „вечното дерби“ со Пелистер.