• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалер Марио Крстовски има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Словенија каде потпиша договор со Домжале.
25-годишниот центарфор беше член на босанскиот тим Слога од Добој за кого даде девет гола на 24 натпревари во последната сезона и така го привлече вниманието кон себе. Домжале беше најбрз, успеа да го донесе и со него потпиша до 2025 година.
„Дојдов во Домжале по голови и се надевам дека ќе бидам успешен во тоа во Словенија. Ќе го дадам најдоброто од себе за да ги исполнам очекувањата на раководството и стручниот штаб. Донесов лесна одлука, се надевам дека ќе помогнам на тимот“, изјави Крстовски.
Пред да дојде во Слога, Крстовски играше и за Зрињски и Леотар од БиХ, а во Македонија беше член на Македонија ЃП, Академија Пандев, Работнички и Хоризонт Турново.