Крстовски: Преку Зрињски ќе се борам за место во репрезентацијата

Македонскиот интернационалец Марио Крстовски направи трансфер во Босна и Херцеговина каде го засили Зрињски. 23-годишниот напаѓач изрази задоволство од трансферот и истакна дека се надева на добри партии во овој клуб кои ќе му донесат место во репрезентацијата.

„Атмосферата е одлична, прифатен сум во екипата и се надевам дека ќе се бориме за врвот на табелата. Целта ни е титула и да играме во Европа. Очекувам добри партии и многу голови, па со игрите во Зрињски еден ден да се наметнам и во репрезентацијата. Секој играч сонува да игра за најдобриот национален тим“, изјави Крстовски.

Крстовски играше за Академија Пандев, а претходно беше дел од Работнички и Турново. Има десет настапи за У21-тимот, а исто така настапуваше и за У19, У18 и У17 репрезентацијата.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.