• Мартин Танасковски

Македонскиот напаѓач Марио Крстовски во продолжението од сезоната ќе има нов клуб затоа што го раскина договорот со словенечки Домжале.
26-годишниот центарфор настапуваше за Домжале од 2023 година, а оваа полусезона одигра 18 натпревари во лигата на кои успеа да постигне два гола.
Сепак, двете страни се разделија, па поранешниот младински репрезентативец ќе бара нов предизвик.
Крстовски покрај за Домжале играше и за босанските клубови Слога, Зрињски и Леотар, додека во Македонија беше дел од Македонија ЃП, Брера, Работнички и Хоризонт Турново.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.