ВИДЕО: Крсте Велкоски промаши пенал во надополнувањето, Седлоски носи бод од Сараево

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски во своите нозе ја имаше победата на неговиот Сараево во дербито против Широки Бријег на македонскиот тренер Гоце Седлоски.

Велкоски ја презеде одговорноста да изведе пенал во судиското надополнување, но неговиот удар го прочита Лука Билобрк, па натпреварот заврши со почетните 0-0.

  • Нереализираниот пенал на Крсте Велкоски: 

И покрај пропуштената шанса за победа, Сараево е лидер во Премиер лигата на Босна и Херцеговина со четири бода повеќе од Зрински.

Широки Бријег на Седлоски е третопласиран со огромни 17 бода заостанување зад бордо-тимот, но веќе обезбеди финале на Купот и можност да игра за трофеј и излегување на европска сцена.