Кротоне никогаш подобар, Беневенто си замина дома со полна мрежа голови

Кротоне

Последнопласираниот Кротоне го одигра најдобриот меч во новата сезона и на убедлив начин стигна до три бода на мечот против Беневенто (4-1) во 18. коло од Серија А.

Кога ќе се погледнат бројките, екипите одиграа израмнет натпревар. Разликата ја направи ефективноста на домашните фудбалери, кои максимално го казнија секое невнимание на противникот. Автоголот на Глик во четвртата минута го откри правецот во кој што ќе се движи денешната средба.

  • Кротоне - Беневенто 4-1: 

До полувреме зголеми Сими од еден отпадок, а истиот фудбалер начека одличен центаршут во вториот дел и ја запечати судбината на гостите. За да нема никакви дилеми Вулиќ по четврти пат ја затресе мрежата на Беневенто, кој го ублажи поразот со реализацијата на Фалке во завршницата.

  • Сасусоло - Парма 1-1: 

Уште еден тим кој се бори за опстанок беше блиску да прокнижи големи три бода. Парма загуби минимална предност длабоко во надополнувањето кај Сасуоло (1-1). Домаќинот беше пред пораз, но пеналот на Џуричиќ ја спаси екипата на Роберто де Зерби.