ВИДЕО: Кротоне го „наполни“ Сасуоло и им избега на конкурентите за опстанок

Кротоне победа

Во првиот денешен натпревар од 35. коло во Серија А, Кротоне запиша висока победа над Сасуоло (4-1) и се одлепи на +5 од местата кои водат ранг подолу.

Публиката на „Еcио Сцида“ имаше можност да ужива во играта на своите миленици, кои не разочараа и со четири гола во гостинската мрежа запишаа три нови бода. Марсело Трота и Сими постигнаа по два гола за втор последователен успех на Кротоне во домашниот шампионат. Единствениот погодок за гостинската екипа го постигна Доменико Берарди од белата точка во втората минута од продолжението на првиот дел.

Единствената екипа која што може да ги наруши прволигашките амбиции на Кротоне е СПАЛ, која има 29 бода и денес го игра својот меч на гостински терен кај Верона.