• Горан Упале
Шпанија на доминантен начин го освои Европското првенство во Германија, но сè уште главна тема од тој настан е недосудениот пенал за Германија во дуелот со „фуријата“.
Резултатот беше 1-1 во 106. минута, кога Џамал Мусијала од 18 метри од голот удри во раката на Марко Кукуреља. Цел стадион беше сигурен дека се работи за пенал, и дека одлуката на Ентони Тејлор ќе биде сменета по проверката во ВАР просторијата. Сепак, тоа не се случи, а Микел Мерино во 119. минута од натпреварот му донесе победа на својот тим, а подоцна „фуријата“ го освои Европското првенство.
По три месеци, Европската судиска куќа, предводена од Марко Розети, презентираше детална анализа и таа е недвосмислена: Имаше пенал! Иронијата е дури и во тоа што токму Розети го бранеше судијата од јавни напади по натпреварот.
Тој натпревар беше последен за Тони Крос во кариерата, па затоа германскиот ас и ден денес не може да се помири со таа судиска одлука.
„Им требаа три месеци да сфатат дека тоа е игра со рака, што речиси сите го видоа во секунда. Тоа неизмерно ме смирува. Не е толку важно, се чувствувам добро", се потсмева Тони Крос и продолжи да се жали: Можам ли сега за себе да кажам дека сум европски шампион? Затоа што и официјално потврдија (дека тоа беше пенал за Германија). Мислам дека не“.
Тој натпревар се играше во рамки од четвртфиналето на Европското првенство а потоа Шпанија ги совлада Франција и Англија и го освои посакуваниот трофеј.