ВИДЕО: Крос постигна ефектен гол, „кралевите“ ја прекинаа лошата серија

Реал Мадрид

Реал Мадрид се врати на победите и со рутинска игра го совлада Кадиз (2-1) во 14. коло од Примера. Сепак, и покрај овие три бода шампионот ќе ја заврши годината на второто место, со два бода доцнење зад лидерот Барселона.

  • Извештај од натпреварот:

Гостите беа инфериорни во текот на целиот меч. Меѓутоа дефанзивната тактика не им донесе посакуван резултат на денешниот меч на „Сантијаго Бернабеу“. На крајот од тензичното прво полувреме беше постигнат првиот погодок на мечот. По асистенција на Тони Крос, Едер Милитао се најде на вистинското место и обезбеди водство за „кралевите“.

Германецот одигра клучна улога на денешната средба. Во вториот дел се запиша во листата на стрелци и погоди за двојна предност, со прекрасен удар од далечина. Лукас Перез на момент донесе неизвесност, кога намали на 2-1. Но, резултатот не се промени до крајот, па бодовите останаа во Мадрид.

Кадиз остана на претпоследното место, а Реал се врати на два бода зад лидерот Барселона.

Состави

Карло Анчелоти

4-3-3

    Серхио

    4-4-2