Крос му врати на Маунт: Со среќа во ПРВОТО финале во ЛШ...! (ФОТО)

Маунт

Мејсон Маунт ја искористи победата над Реал Мадрид за да испрати мала провокација на сметка на Тони Крос.

Германецот пред реваншот рече дека „не губи сон“ од индивидуалците на премиерлигашот. Меѓутоа младиот англиски репрезентативец се погрижи да го потсети дека на крај победува тимската игра.

На тоа играчот за врска на Реал Мадрид му одговори со следната порака:

„И натаму спијам мирно. Добра работа направивте, честитки. Со среќа во твоето прво финале во Лигата на шампионите“.

Крос е четирикратен победник во Лигата на шампионите и еден од најдобрите на својата позиција во светски рамки. И покрај поразот, тој не остави провокацијата од Лондон да остане „неказнета“.