Крос можел да заврши во друг клуб пред Реал, трансферот го расипал – отказ!

Тони Крос се покажа како еден од најисплатливите трансфери на Реал Мадрид во изминатата деценија, бидејќи за само 25 милиони евра стигна од редовите на Баерн Минхен. 

Германскиот репрезентативец пред да пристигне во Мадрид, беше поврзуван со Манчестер Јунајтед, а самиот призна дека бил близу до премин на „Олд Трафорд“. 

„Дејвид Мојс дојде да ме гледа и договорот беше готов. Сепак, потоа го отпуштија, потпишаа со Ван Гал и работите се искомплицираа. Тој сакаше време да го имплементира својот проект, немаше повик од Јунајтед и почнав да се сомневам. Потоа, во текот на Светското првенство ми се јави Анчелоти и тоа беше тоа“, истакна Крос.

Со сигурност играчот за врска ќе му беше од помош на Манчестер Јунајтед, кој долго време не успеваше да погоди со трансферите.