Крос го исмеа судијата: За овој „циркус“ секако заслужив жолт картон (ВИДЕО)

Тони

Тони Крос не беше задоволен од главниот судија на дуелот против Елче. Германецот доби јавна опомена по еден непостоечки старт врз противнички играч, што беше потврдено од камерите.

Реал Мадрид се пласира во четвртфиналната фаза од Купот на Кралот со победа по продолженијата. По натпреварот играчот за врска преку социјалните мрежи ја исмеа одлуката на арбитарот.

Еден Азар доби шанса на оваа средба и ја искористи со постигнување на победничкиот погодок.