Крос: Германија и Бразил не се фаворити, некои селекции ќе примаат по пет „парчиња“ на СП!

Германскиот фудбалски ас, Тони Крос, пред Светското првенство во 2026 година изнесе интересен став за фаворитите за освојување на трофејот. Според него, и покрај големата традиција на Германија и Бразил, овие репрезентации не се меѓу петте најголеми фаворити на Мундијалот.

Крос истакна дека на врвот се селекции како Шпанија, Португалија и Франција, како и некои екипи што можат да изненадат и да се покажат како сериозни кандидати за титулата.

„Германија и Бразил имаат генерации што веројатно не се способни за пиедесталот. Јас сум само реален и објективен. Знам дека ќе се намали квалитетот на првенството, зашто ќе има селекции што ќе губат по 5-0. Тоа за мене е не е реален одраз за тоа како треба да изгледа еден Мундијал.

Сакам мојата Германија да триумфира, но не знам дали има сила. Фаворити за трофејот очекувам да бидат Шпанија, Франција, можеби и Португалија“, рече Крос. 

Неговата изјава предизвика големо внимание во фудбалската јавност, затоа што традиционално силните репрезентации се сметаа за најголеми кандидати за титулата, но Крос јасно посочи дека конкуренцијата е многу поголема и дека ќе има многу изненадувања на Светското првенство.