Кројф: Горд сум што ќе водам фудбалска нација каква што е Еквадор

Фудбалската селекција на Еквадор и официјално доби нов селектор, со кој ќе атакува на што подобар пласман на претстојното континентално натпреварување – Копа Америка. 

Поранешниот член на Манчестер Јунајтед и Барселона и син на легендарниот Јохан Кројф, Жорди, ја доби довербата од Eквадорската фудбалска федерација и го презеде националниот тим. 

„Горд сум што ќе видам една ваква фудбалска нација. Сакам да му се заблагодарам на раководството на еквадорскиот фудбал за пружената доверба и шанса. Се надевам дека нема да разочарам со резултатите“, рече Кројф.

Младиот стратег зад себе нема поголемо искуство на фудбалската клупа. Претходно ги водеше тимовите на АЕК Ларнака, Макаби Тел Авив и кинески Дангдаи, па така Еквадор ќе биде неговиот најголем „залак“ во тренерската кариера. 

Еквадор на следната Копа Америка, која е закажана за ова лето во Колумбија и Аргентина, е сместен во групата Б заедно со Бразил, Катар, Перу, Колумбија и Венецуела.

<<< ПОВРЗАН - Копа Америка 2020: Аргентина, Чиле и Уругвај во иста група, Бразил имаше среќа