Крклински се раздели со второлигашот Осогово

Второлигашот Осогово и дефанзивецот Христијан Крклински се разделија на еден месец до крајот на есенскиот дел од шампионатот на Втората лига - Исток. Крклински беше стандарден првотимец и ги одигра сите натпревари оваа есен, а иако е одбранбен фудбалер, постигна и два гола. 

Овој дефанзивец е дете на Пелистер, а настапуваше и за Новаци, Скопје и Црнобуки ЗЛ, пред да премине во кочанскиот второлигаш. Наскоро ќе биде позната и неговата нова средина.

По единаесет кола во ВМФЛ. Осогово е четвртоплaсиран со 13 освоени бода.