Кркиќ се раздели со Стоук, следна дестинација МЛС лигата

Кариерата на Бојан Кркиќ во Стоук заврши со меѓусебна спогодба за раскин на договорот.

Англискиот второлигаш ја потврди оваа вест дека се разделува со голгетерот кој одигра 85 натпревари и постигна 16 гола.

28-годишниот поранечен член на Рома, Милан и Ајакс се очекува да ја продолжи кариерата во САД, во МЛС лигата.

Екипата на Монтреал Импакт ќе биде негова следна дестинација во кариерата.