• Иван Димовски

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, по ремито со Саутемптон (3-3) реши јавно да го искритикува практично целиот колектив на „петлите“.
Според најавите на англиските медиуми, тоа предизвика итен кризен состанок со менаџментот на тимот. На него присуствувал и првиот човек Даниел Леви. Конте наводно на состанокот објаснил дека критиките се кон фудбалерите, а не и кон управата, па Леви ја прифатил таа верзија на настаните.
Атмосферата во тимот во моментов е нарушена, Конте е со своето семејство во Торино, играчите добија неколку слободни денови, додека во меѓувреме се чека одлука од управата дали ќе се случат промени. Челниците на Тотенхем сакаа Конте да остане на клупата до крајот на сезоната, ама со последните случувања не се знае дали е тоа возможно.