Кривањева се врати на тренинзите, Шкупи ќе тестира со Борец

Дефанзивецот на Шкупи, Бесарт Кривањева (22) се врати на терените и тренира со чаирчани, пред продолжението на сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Кривањева беше повреден и беше надвор од терените пет седмици, но, сега повредата е зад него и тој почна со полесни тренинзи. Во полна пареа тој ќе почне да тренира наредната недела, кога ќе добие „зелено светло“ од лекарскиот тим да почне со топка.

Шкупи за време на репрезентативната пауза тренира двапати дневно, а закажан е и пријателски меч против Борец од Велес, кој ќе се игра на стадионот „Чаир“ в сабота.